Вечерва избувна пожар во атарот на потпелистерското село Ѓавато, во близина на Националниот парк Пелистер. Екипата на Противпожарната територијална единица на Битола веднаш излезе на терен и успеа да го локализира пожарот.
Неофицијално, ТППЕ Битола годинава има реализирано повеќе од 460 интервенции, при што околу 70% од нив се на отворен простор, што го нагласува зголемениот ризик од пожари во природата.