Павел Глоба предупредува: Три знака ќе живеат како кралеви, останатите ќе минат низ искушенија
Познатиот руски астролог Павел Глоба излезе со нова прогноза која предизвика огромно внимание. Според него, периодот до март 2026 година ќе биде еден од најбурните во последната деценија – за некои знаци вистински подем, за други тежок тест на издржливост.
Лав, Стрелец и Овен
Овие три огнени знаци, според Глоба, влегуваат во „златна ера“. Лавовите конечно го заземаат својот престол – со признанија, моќ и раскошни прилики. Стрелците ќе се вклучат во меѓународни проекти и инвестиции со голем профит. Овните пак, со храброст и ризик, ќе остварат финансиски и професионален успех невиден последниве години.
Вага, Близнаци и Риби
Оваа група нема веднаш да дојде до богатство, но ќе им се појават клучни шанси за животни пресврти. Вагите добиваат нови деловни сојузи, Близнаците важни контакти, а Рибите можност за влез во проекти со огромен потенцијал.
Водолија, Шкорпија и Бик
Тука следува период на искушенија. Водолиите ќе се борат со пречки на секој чекор, Шкорпиите ќе донесуваат тешки емотивни и професионални одлуки, а Биковите ќе мора да се откажат од комфор за да изградат посилна иднина.
Рак, Девица и Јарец
Овие знаци ќе минат низ поспокоен период. Раковите ќе се посветат на семејството и здравјето, Девиците на стабилна работа, а Јарците на зачувување на своите позиции без ризични потези.