Овен
Имате желба за промени, но работите не се одвиваат според планот. Можно е мала трема пред средба со личност што многу ви значи – чувствувате дека би можела да биде вашата сродна душа. Потребен ви е одмор.
Бик
Колегите се на ваша страна и денот е поволен за работа. Доколку сте слободни, ви претстои ново познанство кое ќе внесе радост во вашиот живот. Внимавајте на циркулацијата.
Близнаци
Не ја добивате поддршката што ја очекувате и ќе мора да ги приспособите плановите. Сепак, на љубовен план ве очекува ново и возбудливо познанство. Можно е чувство на болка во зглобовите.
Рак
Можно е недоразбирање со надредените – бидете внимателни и избегнувајте конфликти. Во љубовта ве очекува интересна личност која покажува искрен интерес. Чувајте се од алергии.
Лав
Денот не е најповолен, затоа пуштете ги работите да течат природно. Во односот со саканата личност избегнувајте расправии. Внимавајте на метаболизмот.
Девица
И покрај зголемените трошоци, успеавте да воспоставите рамнотежа и тоа ви носи самодоверба. Често мислите на личност што ви значи. Намалете го внесот на алкохол.
Вага
Развојот на работата зависи од тоа како ќе се поставите – останете зрели и одговорни. Во љубовта владее хармонија и врската напредува. Можно е краткотраен замор.
Шкорпија
Работната атмосфера е позитивна и работите се одвиваат според очекувањата. Со саканата личност ве очекува возбудлива и искрена блискост. Вежбањето ќе ви помогне да ја задржите енергијата.
Стрелец
Денот е поволен за нови почетоци и соработки. На љубовен план добивате внимание од личност што одамна ве привлекува – време е за нова врска. Внимавајте на чувствителниот стомак.
Јарец
На работа владее стабилност и задоволни сте од постигнатото. Лесно ги покажувате чувствата и уживате во хармонијата со партнерот. Здравјето ви е одлично.
Водолија
Мотивирани сте и со добра енергија на работното место. Во љубовта имате доверба во партнерот и гледате светла иднина. Здравјето е стабилно.
Риби
Ако сакате промени на професионален план, ќе треба повеќе труд и упорност. Љубовниот живот е во фокус – тежнеете кон стабилност и сигурност. Пазете се од низок притисок.