Албанија на крајот на јуни ја имала најниската минимална плата во Европа, покажуваат податоците на Евростат. Бруто минималната месечна заработка таму изнесува 408 евра.
Минималната плата во Албанија не е зголемена од 2023 година, што доведе до намалување на куповната моќ кај населението, особено поради растот на цените на храната. Според euronews.al, албанските граѓани издвојуваат околу 40 проценти од своите приходи токму за прехранбени производи.
Во Европската Унија, пак, највисока минимална плата има во Луксембург – 2.700 евра, следува Германија со 2.160 евра, додека најниската во рамките на Унијата е во Бугарија со 550 евра.