Брутален напад на ветерани и сопственик на локал во Белград
Група од околу десетина маскирани лица синоќа нападнала сопственик на угостителски објект на Савски венец и четворица гости – воени ветерани кои го поддржуваат студентскиот протест.
Напаѓачите, вооружени со бејзбол палки и пендреци, брутално ги претепале присутните. Еден од ветераните бил тешко повреден по удар со кундак од пиштол во главата. Сите петмина повредени се пренесени на ВМА.
Адвокатот Предраг Марковиќ изјави дека некои жртви имаат сериозни повреди, меѓу кои скршена вилица и рака. „Сите се брутално претепани, со хематоми и подуености. Некои едвај зборуваат“, рече тој.
Нападот, според него, следел по вербална расправија со припадници на единицата „Кобри“. „Жртвите тврдат дека маскираните упаднале директно од вратата и веднаш почнале да удираат. Најмалку двајца изгубиле свест“, додаде Марковиќ.
На ВМА им е укажана итна помош, а сите ќе мора да направат скен на главата поради сомнеж за внатрешно крвавење. Полицијата ги зема исказите и ќе продолжи со истрагата.