Русија ја критикува германската политика: СВР ја обвинува Мерц за „опсесија со одмазда“
Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) денеска обвини дека германскиот канцелар Фридрих Мерц е „опседнат со одмазда за поразот на нацистичка Германија“ од Советскиот Сојуз, при што таа „жедта за одмазда растела уште од детството“, пренесува ТАСС.
Според СВР, остриот антируски говор на Мерц во време кога, како што тврдат, дијалогот меѓу Русија и САД за Украина напредува, не е изненадувачки за оние што ја познаваат неговата биографија. Канцеларот, велат, бил воспитан според принципите на неговите предци кои служеле на фашистичкиот режим, а личната опсесија со одмазда, како што објави СВР, станала „сеприсутна страст“ со почетокот на неговата политичка кариера.
Во претходни изјави, СВР тврдела дека Мерц се обидува да ја прикрие германската улога во снабдувањето на Украина со крстосувачки ракети „Таурус“, предупредувајќи дека нивната употреба би можела да предизвика руска одмазда.