УТРО.мк

Колапс: Милиони евра исчезнуваат секоја минута

Колапс: Милиони евра исчезнуваат секоја минута
Vero

Доколку прекинот на работата на „Гугл“ сервисите во Источна Европа и на Балканот трае со часови, економските последици би можеле да бидат катастрофални, предупредуваат ИТ-експерти.

Најголем удар трпат онлајн-продавниците и дигиталните платформи што зависат од Google Cloud и рекламните алатки. Секојa минутa недостапност значи откажани нарачки, пропуштени трансакции и неиспорачани услуги. Во регионот дневно се реализираат стотици илјади е-трговски трансакции, а нивниот застој може да предизвика лавина поплаки и губење доверба кај клиентите.

ИТ-компании, дигитални агенции и стартапи речиси целосно запреле со работа – документите се недостапни на Google Drive, комуникацијата е блокирана на Gmail и Meet, а проектите се замрзнати. Тоа значи директна загуба на илјадници евра по фирма во реално време.

Ни приватните корисници не се поштедени: нефункционален YouTube и Translate не се само „технички проблем“, туку предизвикуваат последици за медиумската индустрија, образованието и туризмот.

Аналитичарите проценуваат дека доколку колапсот трае повеќе од 24 часа, регионот би се соочил со дигитални загуби од над 100 милиони евра – што би било една од најскапите интернет кризи во последната деценија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран