УТРО.мк

На лутиот Трамп му стигна одговор: Ние не правиме такви работи

На лутиот Трамп му стигна одговор: Ние не правиме такви работи
Vero

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Пекинг не делува против трети земји додека развива дипломатски односи, реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Кина, Русија и Северна Кореја кројат заговор против САД.

Трамп на парадата во Пекинг по повод Денот на победата во Втората светска војна потсети дека САД учествувале во ослободувањето на Кина од јапонската окупација. На „Трут Соушал“ тој иронично порача до Си Џинпинг: „Испратете ги моите најтопли поздрави до Владимир Путин и Ким Џонг-ун додека кроите заговор против Америка“.

Рускиот претседател Владимир Путин возврати дека Трамп има „добар смисол за хумор“ и нагласи дека на економскиот самит во Кина сите присутни имале позитивно мислење за него. „Никој не кажа ништо негативно за сегашната американска администрација“, изјави Путин.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран