Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и појава на град
Денеска ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Наместа се очекува нестабилност со пороен дожд и грмежи, а локално може да се појави невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер над 60 km/h и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе се движи од 25 до 32 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Во делови од котлината ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Следува период на претежно стабилно време, а до недела ќе дува слаб до умерен, повремено засилен северен ветер.