УТРО.мк

РК Алкалоид го освои Европскиот куп – пехарот предаден на капитенот Ѓорѓиев

РК Алкалоид го освои Европскиот куп – пехарот предаден на капитенот Ѓорѓиев
Vero

Ракометниот клуб Алкалоид вечерва го доби пехарот за триумфот во ЕХФ Европскиот куп за ланската сезона. Македонскиот тим заврши како победник во финалето, откако грчкиот ривал АЕК не се појави на реваншот во Скопје.

Пехарот на капитенот на Алкалоид, Игор Ѓорѓиев, му беше предаден од Божидар Ѓурковиќ, претставник на ЕХФ. Алкалоид имаше предност од првиот финален дуел, а по одбивањето на АЕК да го одигра реваншот, натпреварот беше регистриран со резултат 10:0. Грчкиот клуб, исто така, доби две години суспензија.

Со ова, Алкалоид станува третиот македонски ракометен клуб што освојува европски трофеј, по Вардар и женскиот тим на Кометал Ѓорче Петров.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран