УТРО.мк

Македонија со офанзивна постава против Лихтенштајн

Македонија со офанзивна постава против Лихтенштајн
Vero

Македонската А репрезентација денес од 18:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се соочи со Лихтенштајн во рамките на квалификациите за Светското првенство. По реми дуелите со Велс и Белгија, „црвено-жолтите“ ќе ја бараат првата домашна победа во циклусот и нови три клучни бода.

Селекторот Благоја Милевски одлучи да истрча со офанзивна поставеност во која ќе настапат:

Столе Димитриевски на голот, во одбраната Алиоски, Ѓорѓевски, Стојчевски и Б. Илиневски, во средниот ред Елмас, Барди (капитен), Алими и Чурлинов, додека во нападот ќе делуваат Трајковски и Миовски.

На официјалната прес-конференција Милевски потенцираше дека Македонија е фаворит на хартија, но дека тоа мора да се докаже на теренот. „Имаме максимален респект за Лихтенштајн и воопшто нема да биде лесно. Нашата цел е јасна – три бода кои се исклучително важни во моментов,“ изјави селекторот.

Капитенот Енис Барди ја нагласи тежината на дуелот и потребата од концентрација: „Мислам дека ќе имаме тежок натпревар, така беше и во Вадуц додека не го отворивме резултатот. Сите сме свесни што нè очекува. Подготвени сме и победата е нашата единствена цел.“

По победата во Вадуц со 0:3, ова ќе биде втор дуел со Лихтенштајн во групата, а Македонија има шанса да ја израдува домашната публика и да остане во борбата за врвот на табелата.

Извор: ФФМ

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран