УТРО.мк

Се запали фабрика во Виница

Се запали фабрика во Виница
Vero

Во кругот на фабриката Макпрогрес, позната по брендот „Винчини“, избувнал пожар, јавуваат локалните медиуми.

Телевизија Кочани објави видео од инцидентот, но причините за избувнувањето на пожарот сè уште не се познати. За гаснење на огнот се ангажирани екипи од ТППЕ Виница и ТППЕ Кочани, а на терен има и полициско присуство за обезбедување на фабричкиот круг.

Засега нема информации за повредени лица, а пожарот е во тек додека спасувачките служби работат на негово целосно локализирање.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран