Семејна драма со обид за убиство се случи на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, каде 17-годишен малолетник со остар предмет десет пати го прободел својот татко, соопшти Основното јавно обвинителство.
Нападот се случил додека таткото бил во спалната соба, а тинејџерот му пришол од зад грб и со умисла му нанел десет убодни рани. Мајката, која била во близина, успеала да го оттргне синот и веднаш повикала итна медицинска помош.
И покрај оперативниот зафат на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, таткото се наоѓа во животно-загрозувачка состојба. Јавниот обвинител предложил поведување на подготвителна постапка против малолетникот за кривично дело „Убиство во обид“ во рамки на семејно насилство, како и одредување на мерка притвор поради сериозноста на делото.