УТРО.мк

Гори фабрика „Винчини“ во Виница – ангажирани повеќе противпожарни екипи

Гори фабрика „Винчини“ во Виница – ангажирани повеќе противпожарни екипи
Vero

Пожар избувна попладнево во фабриката „Винчини“ во Виница, кој зафатил неколку производни погони, соопшти Центарот за управување со кризи.

Пријавата за пожарот, кој избувнал во магацините и производствените погони 6, 7 и 8, била примена во 18:40 часот преку бројот Е-112. На терен веднаш излегле екипи на ТППЕ Виница со неколку противпожарни возила и пожарникари.

Градоначалникот на Виница добил насока да побара дополнителна поддршка, а веќе се вклучени ТППЕ Кочани и ДПД Кочани со сите свои капацитети, како и поддршка од општините Македонска Каменица и Штип. Доколку се покаже потребно, ќе се ангажираат и дополнителни сили од соседните општини.

Од ЦУК потенцираат дека станува збор за специфичен урбан пожар и дека интервенцијата треба да ја спроведуваат исклучиво професионални пожарникари.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран