УТРО.мк

Дејан Проданоски е кандидат за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Проданоски е кандидат за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ
Vero

Вечерва Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги избра кандидатите за градоначалници во повеќе општини. За Прилеп, кандидат е Дејан Проданоски, актуелен пратеник во Собранието од редовите на партијата и поранешен претседател на Советот на Општина Прилеп.

Меѓу останатите кандидати се: Јане Мицевски (Сопиште), Александар Јовановски (Кичево), Оливер Алексовски (Крива Паланка), Онер Јакуповски (Маврово Ростуше), Сашо Граорковски (Кривогаштани), Ерџан Демир (Шуто Оризари), Нико Чонески (Крушево), Ѓоко Камчев (Валандово), Митко Костадиновски (Виница), Никола Најдовски (Демир Хисар), Јордан Костадинов (Чешиново-Облешево), Љупчо Почивалец (Радовиш), Дејан Андоновски (Чашка), Петар Јанков (Струмица) и Марија Нацева (Неготино).

Генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски истакна дека секој од избраните кандидати е докажан и почитуван во својата заедница, чесен и работлив, и дека имаат можност да продолжат со реализирањето на проектите започнати од локалната и централната власт. Според Сајкоски, партијата очекува уште една историска победа на претстојните локални избори.

Актуелниот градоначалник на Прилеп е Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран