УТРО.мк

Киев: Путин нуди неприфатливи предлози за средба со Зеленски

Киев: Путин нуди неприфатливи предлози за средба со Зеленски
Vero

Украина го оцени како неприфатлив предлогот на Владимир Путин за средба со Володимир Зеленски во Москва.

Министерот за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека најмалку седум земји, меѓу кои Австрија, Ватикан, Швајцарија и неколку држави од Персискиот Залив, се подготвени да бидат домаќини. „Зеленски е подготвен за средба во секое време, но Путин продолжува да ги лаже сите со очигледно неприфатливи понуди“, напиша Сибиха на X.

Претходно, Путин изјави дека не ја исклучува можноста за состанок и предложи тој да се одржи во Москва. „Ако Зеленски е подготвен, нека дојде“, рече рускиот претседател, додавајќи дека „има светлина на крајот од тунелот“.

Тој нагласи дека договор може да се постигне ако преовлада здрав разум, во спротивно „сè ќе мора да се реши со воени средства“. Путин додаде дека веќе го информирал американскиот претседател Доналд Трамп за иницијативата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран