УТРО.мк

Рекордно ниска поддршка за Макрон – само 17% од Французите го одобруваат неговото работење

Рекордно ниска поддршка за Макрон – само 17% од Французите го одобруваат неговото работење
Vero

Поддршката за францускиот претседател Емануел Макрон достигна ново рекордно ниско ниво, покажува најновата анкета на агенцијата „Елабе“.

Според резултатите, само 17 проценти од граѓаните ја одобруваат работата на Макрон, што е пад од четири поени во однос на претходното мерење. Истовремено, 76 проценти изразиле незадоволство, што претставува раст од три поени.

Ова е најслаб резултат за Макрон откако ја презеде функцијата, а аналитичарите предупредуваат дека бројките ја одразуваат продлабочената криза на доверба во неговото лидерство и политиките на неговата влада.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран