Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека културата е душата на еден град, а Прилеп отсекогаш се препознавало по својата богата уметничка традиција, театарот, музиката и бројните културни настани кои ја одразуваат креативната енергија на прилепчани.
„Во нашата програма посветуваме посебно внимание на унапредување на културната инфраструктура, со цел да создадеме современи услови за нашите уметници и културни работници, но и за граѓаните кои ја сакаат и ја живеат културата. Овие три проекти ќе бидат многу значајни за културниот развој на градот,“ истакна Проданоски.
Тој нагласи дека со реализацијата на проектите, Прилеп ќе добие современи простори и услови кои ќе го поттикнат креативниот развој и ќе ја збогатат културната понуда за сите жители и посетители.