УТРО.мк

Битолчанка измамена за 27.000 евра со лажна приказна за ќерката

Битолчанка измамена за 27.000 евра со лажна приказна за ќерката
Vero

На 09.10.2025 година во 12:34 часот, во СВР Битола, 62-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена за околу 27.000 евра.

Според пријавата, непознато лице ѝ се јавило телефонски, претставувајќи се како лекар, и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и се здобила со тешки повреди. Таа била убедена дека треба да плати за операцијата на ќерка ѝ. Жената ги однела парите на договореното место и ги предала на лицето, а откако се слушнала со својата ќерка, сфатила дека станува збор за измама.

МВР информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран