УТРО.мк

ВИДЕО: Маскирани напаѓачи изведоа спектакуларен грабеж во Гостивар

ВИДЕО: Маскирани напаѓачи изведоа спектакуларен грабеж во Гостивар
Vero

Вечерва во центарот на Гостивар се случи спектакуларна вооружена кражба во златара, при што неколку маскирани напаѓачи ограбија значителна количина злато и пари, а потоа побегнаа со црн теренец во непознат правец.

Според првичните информации, разбојниците користеле бодликави жици за да го попречат движењето на полициските екипи, кои веднаш по пријавата започнале потера. Жиците биле фрлени на повеќе локации низ центарот на градот, што дополнително го отежнало пристапот на полицијата.

Мештаните велат дека подрачјето околу златарата е целосно блокирано, а полициски тимови вршат увид и пребаруваат поширок периметар во обид да ги лоцираат сторителите.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово најавија дека наскоро ќе излезат со повеќе детали за овој дрзок и добро организиран грабеж кој ја вознемири јавноста во Гостивар.

ВИДЕОТО може да го погледнете тука

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран