УТРО.мк

Харвардски научник предупредува: „Тројански коњ, а не комета, се приближува кон Земјата“

Харвардски научник предупредува: „Тројански коњ, а не комета, се приближува кон Земјата“
Vero

Меѓузвезден објект кој брзо се приближува кон Земјата можеби не е природно тело, туку технолошки артефакт од вонземна природа, предупредува професорот од Харвард, Ави Лоеб. Според неговите проценки, постои 30 до 40 проценти шанса објектот 3I/ATLAS „да нема целосно природно потекло“. NASA веќе го снимиле, а најновите анализи откриваат необичен зелен сјај и траги од никел без железо, што дополнително го зголемува сомнежот дека станува збор за „Тројански коњ“ маскиран како комета.

Објектот 3I/ATLAS е откриен во јули оваа година и од тогаш предизвикува бурни дискусии во научните кругови. Тој се движи од надвор од нашиот Сончев систем и се приближува кон Земјата, а Лоеб предупредува дека неговото потекло може да биде технолошко, наместо природно. „Немаме јасна слика колку вонземски сонди поминуваат низ нашиот Сончев систем, па разумно е да собереме што повеќе податоци за меѓузвездени објекти“, вели Лоеб.

NASA-ини камери, вклучувајќи го и роверот Perseverance, го забележале објектот како голем цилиндричен објект кој минува блиску до Марс. Иако на социјалните мрежи се појавија колорирани слики со зеленкаст сјај, Лоеб смета дека цилиндричниот облик можеби е резултат на ефект од камерата, а во реалноста објектот би можел да биде помал и повеќе округол, но сепак со импресивни димензии – над 45 километри во дијаметар.

Австралискиот научник Хорас Дру смета дека тоа „не е комета“ и дека зеленкастиот сјај може да потекнува од никел на површината на вонземски брод. Неговите аматерски набљудувања со телескоп го потврдуваат издужениот облик на објектот.

Набљудувањата со Големиот телескоп во Чиле откриле силна присутност на никел без железо, што е необично за природни комети. Дополнително, објектот емитира околу пет грама никел и 20 грама цијанид секунда, што не се вклопува во познатите природни процеси на кометите.

Лоеб нагласува дека секоја можност, вклучувајќи и вештачко потекло, треба сериозно да се истражи, особено поради неизвесноста за бројот на вонземски сонди кои поминуваат низ Сончевиот систем.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран