Австриските власти предупредија дека земјата би одбила да биде домаќин на Евровизија 2026 доколку Израел биде бојкотиран. Ова го изјавија канцеларот Кристијан Штокер и генералниот секретар на Австриската народна партија, Александер Прол.
Европската радиодифузна унија (ЕБУ), организатор на музичкиот натпревар, најави дека нејзините членки ќе гласаат во ноември за евентуалното исфрлање на Израел. Неколку земји, меѓу кои Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија, најавија дека нема да настапат ако Израел биде исклучен.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц исто така изјави дека Германија ќе се повлече од натпреварот во случај Израел да биде исфрлен, нагласувајќи дека таа земја припаѓа на Евровизија.
Доколку Австрија се откаже од организацијата, националната телевизија ОРФ би се соочила со казна од 40 милиони евра.