УТРО.мк

Крвави пресметки меѓу наркоклановите во Црна Гора

Крвави пресметки меѓу наркоклановите во Црна Гора
Vero

Последните два месеца во Црна Гора се одбележани со серија брутални убиства и ликвидации поврзани со пресметките меѓу ривалските криминални групи – Шкаљарскиот и Кавачкиот клан. Според податоците на истражните органи, четворица високопозиционирани членови на Шкаљарскиот клан се убиени во овој период, а извршени се и два обиди за ликвидација.

Најновата жртва е Бобан Сјеклоќа, еден од водечките членови на Шкаљарскиот клан, кој беше пронајден мртов во близина на плажата Трстено, на осум километри од Будва. Според неофицијални информации, неговото убиство првично било пријавено како сообраќајна несреќа, но пожарникарите што пристигнале на местото го пронашле телото со прострелни рани.

Сјеклоќа беше познат на полицијата и обвинет од Специјалното државно обвинителство за шверц со кокаин, како и за учество во двојно убиство извршено во 2020 година во Цетиње.

Претходно, на 24 септември, во близина на Цетиње беа пронајдени телата на двајца мажи во автомобил, што полицијата го оцени како дел од истата серија на меѓуклановски пресметки.

Крвавиот биланс започна со ликвидацијата на Радован Кривокапиќ, близок до Шкаљарскиот клан, кој беше застрелан на терасата од својата куќа на 29 август во Цетиње. И покрај напорите на лекарите во болницата во Котор, тој подлегна на повредите.

Црногорската полиција и понатаму спроведува истраги за сите случаи, додека јавноста е вознемирена од интензитетот и суровоста на меѓуклановските судири кои повторно го ставаат под прашање безбедносниот систем во земјата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран