УТРО.мк

САД воведоа санкции против Нафтената индустрија на Србија

САД воведоа санкции против Нафтената индустрија на Србија
Vero

Од денеска во сила се американските санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС), поради мнозинската руска сопственост во компанијата, соопштија од НИС. Санкциите стапуваат на сила од 6 часот утрово, откако нивното воведување беше најавено уште во јануари, но одложувано до денеска.

НИС е клучна компанија за снабдување на граѓаните на Србија со нафтени деривати и значајна за бруто општествениот производ и државниот буџет. Компанијата објави дека во моментов се обезбедени доволни залихи на нафта за преработка, додека бензинските пумпи се соодветно снабдувани со сите видови нафтени производи.

Санкциите од САД претставуваат најстрога казна досега за Србија поради нејзината соработка со Русија. Србија, заедно со Белорусија, е единствената европска земја која не воведе санкции против Русија по инвазијата на Украина во февруари 2022 година, и се соочува со постојан притисок од Европската унија за усогласување со надворешната политика на Брисел. Српските власти досега решително ги отфрлија сите предлози за воведување санкции против Русија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран