УТРО.мк

АПЛА.мк: Брендирано возило на кандидат за градоначалник на Битола паркирано на пешачка патека

АПЛА.мк: Брендирано возило на кандидат за градоначалник на Битола паркирано на пешачка патека
Vero

Брендирано возило на кандидат за градоначалник на Битола денеска е затекнато паркирано на пешачка патека. Граѓанин кој ни ја испрати фотографијата вели дека патеката била зафатена со товорно возило со налепници во контекст на претстојните локални избори. Од фографијата се гледа дека брендираното возило е паркирано на пешачка патека и зафаќа дел од коловозот. 

Пред два дена кандидатката за градоначалник на Битола од независната иницијатива „Поинаку“ –  Габриела Илиевска јавно објави дека и жените возат камион – велејќи -„Кој рече дека жените не можат да возат камион, да водат град и да ги решеваат проблемите во градот!„

Засега не се знае кој го паркирал погрешно камиончето брендирано со кандидатката за градоначалник на Битола. Граѓаните очекуваат да постапува сообраќајната полиција по објавената фотографија. 

Извор: Апла.мк

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран