УТРО.мк

Карапетров: Се подобрува патната инфраструктура кај тетовската клиничка болница

Карапетров: Се подобрува патната инфраструктура кај тетовската клиничка болница
Vero

Еден од поголемите проблеми со кои долго време се соочуваа граѓаните и здравствените работници во тетовската клиничка болница и здравствениот дом — лошата патна инфраструктура — конечно се решава.

Кандидатот за советник во Општина Тетово од ВМРО-ДПМНЕ, Ангел Карапетров, информира дека во тек се активности за уредување на приодните улици кон здравствените установи, при што се поставуваат ивичњаци и се подготвува теренот за асфалтирање.

„Со ова ќе се овозможи полесен пристап и значително ќе се подобрат условите за пациентите и здравствениот персонал,“ изјави Карапетров, додавајќи дека проектот се реализира со поддршка на општината.

Карапетров нагласи дека ваквите инфраструктурни зафати се клучни за унапредување на јавните услуги и подобар квалитет на живот за сите жители на Тетово.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран