УТРО.мк

1.200 ученици во Прилеп го формираа македонското знаме по повод 11 Октомври

1.200 ученици во Прилеп го формираа македонското знаме по повод 11 Октомври
Vero

Во центарот на Прилеп, 1.200 ученици го формираа македонското знаме, симбол на љубовта, единството и гордоста кон татковината. Настанот е дел од програмата со која градот го одбележува 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ.

Учениците, заедно со наставниците и училиштата, со својата енергија и посветеност го продолжуваат традиционалното формирање на знамето, со цел зачувување на љубовта кон татковината од најмлада возраст, соопшти општина Прилеп.

Вечерва, во очи на празникот, се планирани бројни културни активности, меѓу кои отворање на изложба на дела од ДЛУП во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“, посета на Меморијалниот музеј 11 – ти Октомври, пригодна културно-уметничка програма и огномет. На плоштадот Александрија ќе настапи и Влатко Лозановски.

Утре, на самиот 11 Октомври, ќе се полагаат цвеќиња на спомен обележјата на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифоски – Питу и Могилата на непобедените, а потоа во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи централната, владината прослава за празникот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран