На 09.10.2025 година во 19:30 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја привеле Г.Ш. (41) од село Бојане, скопско, поради агресивно однесување кон полицајците кои извршувале службени дејствија.
Лицето е задржано во полициска станица, а по комплетирање на документацијата против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.