На 09.10.2025 во 18:05 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода Н.М.(41) и В.М.(26), двајцата од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека поради недоразбирање во врска со случена сообраќајна незгода физички ги нападнале Б.А.(54) и неговата сопруга Н.А. од с.Порој, тетовско. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.