УТРО.мк

Василевска учествува на Меѓународниот парламент за толеранција и мир во Чад

Василевска учествува на Меѓународниот парламент за толеранција и мир во Чад
Vero

Пратеничката Иванка Василевска присуствуваше на 13. Пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир, која се одржа во Нџамена, Чад, во организација на Националното собрание на Чад. Настанот собра парламентарни лидери, пратеници и делегати од целиот свет за размена на идеи, промовирање на мирот и потврдување на заедничката посветеност на овие универзални вредности.

Василевска изрази чест и задоволство што е дел од сесијата, нагласувајќи дека живееме во време на глобални предизвици и агресии на тероризмот, кои го загрозуваат мирот. Таа се осврна и на прашања како миграции, светска сиромаштија и заштита на животната средина, потенцирајќи дека е неопходна засилена активност и сплотеност за превенција од модерните закани и реафирмирање на толеранцијата и мирот.

Меѓународниот парламент за толеранција и мир е составен од членови на парламенти од над 100 национални и регионални тела и претставува витална платформа за унапредување на принципите на мир, толеранција и дијалог меѓу парламентите и народите низ светот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран