УТРО.мк

Џипот од грабежот во Гостивар пронајден запален кај Стража

Џипот од грабежот во Гостивар пронајден запален кај Стража
Vero

Џипот што бил користен при вечерешниот вооружен грабеж на златарница во центарот на Гостивар е пронајден целосно изгорен на патот кон планинскиот премин Стража, на свртувањето кон Маврово.

Според првичните информации, возилото било зафатено од силен пламен, а истражителите се сомневаат дека сторителите го запалиле намерно за да ги прикријат трагите и доказите. Полициски екипи извршиле увид на местото и собираат материјали кои би можеле да помогнат во идентификацијата на разбојниците.

Засега нема информации за нивниот идентитет, ниту за насоката во која побегнале.

Грабежот се случи вечерва во центарот на Гостивар, кога неколку вооружени и маскирани лица влегле во златарница и однеле поголема количина злато и пари. При повлекувањето, тие фрлиле бодликави жици на неколку улици во градот за да го забават движењето на полицијата.

Жителите сведочат дека централното подрачје било целосно блокирано, а полицијата со службени кучиња и специјални екипи го пребарувала теренот.

Секторот за внатрешни работи Тетово спроведува интензивна истрага со цел откривање на сторителите и целосно расветлување на случајот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран