УТРО.мк

Пет лица повредени во сообраќајна несреќа кај Велешта, меѓу нив и две малолетни лица

Пет лица повредени во сообраќајна несреќа кај Велешта, меѓу нив и две малолетни лица
Vero

На 27.06.2025 во 19.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, кај с.Велешта, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.Е.(23) од с.Подгорци,струшко и патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од И.П.(31) од Р.Албанија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Е.С.(18) од с.Лабуништа,струшко, од возилото со струшки регистарски ознаки. Со телесни повреди се здобиле И.П. и неговиот сопатник Ј.И.(29) од Р.Албанија од возилото со албански национални ознаки, а исто така со телесни повреди се здобиле и две малолетни сопатнички од возилото со струшки регистарски ознаки.

Повредите се констатирани во Медицинскиот центар Струга и Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран