УТРО.мк

Прилепските археолози неуморни! Кај Прилепец пронајдена голема римска бања – претпоставките се дека тука се наоѓал античкиот град Пелагонија (ФОТО)

Прилепските археолози неуморни! Кај Прилепец пронајдена голема римска бања – претпоставките се дека тука се наоѓал античкиот град Пелагонија (ФОТО)
Vero

Прилепскиот Завод и Музеј штотуку ја реализира втората истражувачка кампања на мошне значајна градба во месноста Долиште во близина на селото Прилепец. Првпат на оваа локација се истражуваше во 2022 година, објави Маркукуле.

Оваа година во рамките на годишната проектна програма поддржана со 180 000 денари од страна на Министерството за култура и туризам на РСМ, продолжи да се открива една просторија од римска античка бања. Тоа е просторијата во рамки на бањата во која луѓето кои доаѓале да ја одржуваат својата телесна хигиена се потеле. Тоа е т.н. судаториум. Оваа просторија имала висечки под од керамички плочи и малтер кои лежеле врз столбчиња од т.н. хипокаустни керамички кружни тули. Под овој висечки под струел топол воздух. Тоа е всушност еден вид на подно загревање, но со мошне топол воздух. Евидентиран е и сегмент од уште една просторија од бањата, т.н. префурниум, во која се ложел оган кој го затоплувал воздухот кој струел под подното ниво на просторијата за потење.

Римските бањи од овој тип се појавуваат во средината на 1 век пред нашата ера. Покрај двете наведени простории имале уште соблекувална, просторија со базен со топла вода, друга со базен со ладна вода и трета со базен со млака вода. Помали бањи имале во рамките на своите луксузни куќи побогатите граѓани од тоа време, додека за останатото население на градовите биле градени јавни бањи како што е бањата кај Прилепец.

Констатира дека е тоа јавна градба се според огромните димензии од 11 х 8 м. на просторијата за потење којашто се истражува, како и според откриениот мермерен столб од преку 2,5 м. во должина (заради лимитираниот буџет за истражување столбот не е откриен во целосна должина), а кој стоел покрај влезот од надворешната страна. Оваа бања била речиси неколку пати поголема од јавните бањи откриени во другите антички градови кај нас.

Прочитај повеќе на Маркукуле.мк

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран