УТРО.мк

И покрај забраната – илјадници луѓе на Парадата на гордоста во Будимпешта: Полицијата добила посебно овластување

И покрај забраната – илјадници луѓе на Парадата на гордоста во Будимпешта: Полицијата добила посебно овластување
Vero

И покрај официјалната забрана на унгарската Влада, илјадници демонстранти денеска се собраа во Будимпешта на 30. издание на Парадата на гордоста, предизвикувајќи остри реакции од властите на премиерот Виктор Орбан.

Организаторите очекуваат рекорден број учесници, и покрај заканите со затворски и парични казни. Според новите законски измени, кои власта ги правда со „заштита на децата“, организаторите се соочуваат со затворска казна до една година, а учесниците со глоби до 500 евра. Властите добија и овластување да користат технологија за препознавање лица.

Орбан вчера изјави дека полицијата нема насилно да ја прекине поворката, но предупреди дека „учесниците мора да бидат свесни за правните последици“.

Парадата се одржува во услови на сè поостра политика на унгарската влада кон ЛГБТ-заедницата и ограничување на нивните права.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран