УТРО.мк

Страшен пожар во близина на Црна Гора, пожарникарите успеале да спасат над 100 куќи

Страшен пожар во близина на Црна Гора, пожарникарите успеале да спасат над 100 куќи
Vero

Широк пожар го зафати Кокотско поле во Подгорица, каде што екипите на Службата за заштита и спасување успеале да спасат над 100 куќи од огнената стихија. Пожарот се заканувал да го зафати и земјоделскиот имот на компанијата „Плантажи“ во близина на Ќемовско поле.

Големи пожари беа активни и во Љајковиќи во Зета, каде што куќите исто така беа под сериозна закана. Огнот зафати и голема површина меѓу Тузи, Миљеш и Карабушко поле, каде пожарот сè уште е активен.

„Одбраната на станбените објекти е во тек, а на едно од жариштата изгоре и еден автомобил“, соопштија од Службата за заштита на Подгорица.

Драган Стојановиќ, претставник на службата, за телевизијата „Вијести“ изјави дека причината за пожарите најверојатно е човечки фактор. „Не може да се работи за ништо друго. На теренот имаше осум возила со 16 пожарникари, кои се менуваа поради повеќе истовремени пожари – во Ботун, Кокоти и Љајковиќи. Вкупно беа ангажирани околу 30 пожарникари со 15 возила, а добивме поддршка и од колеги од Бар. Пристигнаа и пожарникари од Никшиќ. Спасивме голем број куќи, пилана и дел од фабрика за столарија“, нагласи Стојановиќ.

Надлежните апелираат на претпазливост и повикуваат граѓаните да не предизвикуваат пожари, особено во услови на високи температури и суво време.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран