УТРО.мк

Општина Пробиштип: Одбележани 82 години од нападот на рудниците „Злетово“

Општина Пробиштип: Одбележани 82 години од нападот на рудниците „Злетово“
Vero

Денеска во Пробиштип се одбележаа 82 години од историскиот напад на рудниците за олово и цинк „Злетово“, со кој се оддаде почит на борците кои ги дадоа своите животи за слобода.

По тој повод, делегација на Општина Пробиштип, Советот на општината, членови на семејствата на загинатите, како и делегации од Продолжувачите на делото на НОБ, Сојузот на борците од Куманово, Здружението на старосни пензионери, Организацијата на резервните офицери на Македонија и политички партии положија цвеќе на спомен-паркот „Братство и единство“.

„Нека споменот за овој ден не потсетува дека слободата не е дадена, туку изборена“, се наведува во пораката на Општина Пробиштип.

„Нека ни е вечен Пробиштип! Нека е вечна Македонија!“, порачаа организаторите, оддавајќи почит на храбрите борци кои го создадоа темелот на слободата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран