
Три танкери, два за сурова нафта и еден за течен природен гас, во четврток влегоа во Ормутскиот теснец користејќи необична јужна рута долж брегот на Оман, избегнувајќи ја вообичаената северна рута низ иранските територијални води, јавува „Блумберг“.
Сите три брода се под управување на компанијата „Оман“ и сигнализираа дека се сопственост на Оман. Јужната рута што ја поминаа е подалеку од северниот премин меѓу иранските острови Ларак и Кешм, кој во последно време се користи само за ограничен транзит и бара одобрување и плаќање транзитни такси од Иран. Поради својата помала длабочина и поостри свиоци, северната рута не е погодна за најголемите танкери за нафта, како што се два од трите бродови.
Овој транзит е значаен бидејќи танкерите носат околу два милиони барели сурова нафта, додека бродот со течен природен гас бил празен. Иран и Оман соработуваат за надгледување на сообраќајот низ теснецот, но се уште се преговори за патарини и контрола на транзитот, што дополнително го усложнува следењето на бродовите.
Од почетокот на конфликтот, Ормутскиот теснец е блокиран, што ја наруши глобалната енергетска трговија, ги зголеми цените и го зголеми меѓународниот притисок врз американскиот претседател Доналд Трамп. Транзитот на овие три бродови покажува први сигнали на адаптација на рути за најголемите танкери во услови на зголемена геополитичка напнатост.























