
На 2 април 2026 година во 18:41 часот, во СВР Скопје е пријавено дека во село Идризово, на место викано „Наово“, настанал пожар во викенд куќа, сопственост на 72-годишната М.В. од Скопје.
Според информациите од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, пожарот бил брзо изгаснат и нема пријавени повредени лица.
Извршен е увид на местото на настанот за да се утврдат причините за пожарот и евентуалната материјална штета.























