
Ирански медиуми објавија дека иранската војска соборила американски воен авион, а пилотот се катапултираше и е наоѓан во јужниот дел на земјата. Ако информациите се потврдат, ова ќе биде прв американски авион соборен од непријателски оган од почетокот на војната, објави „Аксиос“ повикувајќи се на извор запознаен со инцидентот.
Според објавените снимки и фотографии, станува збор за борбен авион Ф-15. Иранските медиуми прикажуваат делови од соборениот авион и едно од седиштата за катапултација.
На социјалните мрежи се појавија снимки од американски хеликоптери Ц-130 Херкулес и УХ-60 Блек Хок кои изведуваат операции за пребарување и спасување (CSAR) над јужен Иран.
Иран, истовремено, понуди награда за секој што ќе го зароби жив катапултираниот пилот и ќе го предаде на полицијата, нагласувајќи дека се работи за „вредна награда“ за апсење на непријателот.
Американската војска и Белата куќа засега не ја коментираа ситуацијата.
More footage of U.S. Air Force C-130 Hercules and UH-60 Black Hawks conducting Combat Search and Rescue (CSAR) Operations this morning over Southern Iran, following reports of a downed F-15E Strike Eagle.https://t.co/dJ8YhlbfMu— OSINTdefender (@sentdefender)April 3, 2026























