УТРО.мк

Комуналец Прилеп: Амфитеатарот во Варош повторно мета на вандализам

Комуналец Прилеп: Амфитеатарот во Варош повторно мета на вандализам
Vero

За неполни седум месеци од обновувањето, амфитеатарот во населбата Варош во Прилеп е скоро целосно уништен, информираат од ЈКП „Комуналец“ Прилеп.

Со помош на опрема биле извадени дрвените штафни, а оние кои не можеле да се земат се искршени. Уништено е и детското игралиште до амфитеатарот, при што се земени носечки железни цефки од клацкалките и друга урбана опрема.

„Наместо планираните финансиски средства да се трошат за нови добра за граѓаните, со години се одлеваат пари за поправки“, се наведува во соопштението од „Комуналец“.

Апелите до граѓаните за внимателно користење на комуналните добра не даваат резултат, а културата и совеста кај дел од жителите, како што истакнуваат од претпријатието, е на најниско ниво за зачувување на јавните добра кои се од интерес за сите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран