УТРО.мк

Лишен од слобода 75-годишен возач од Охрид, управувал возило со 126 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Лишен од слобода 75-годишен возач од Охрид, управувал возило со 126 км на час на место каде е дозволено 50 км на час
Vero

На 17.07.2025 во 14.21 часот на регионален пат Царев двор-Макази, кај место викано „Ипоз Преспа”, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Д.Џ.(75) од Охрид.

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Џ. управувал патничко возило „ауди”со охридски регистарски ознаки со брзина од 126 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран