УТРО.мк

Коњановски: „Депонија во Битола не се гради, станува збор за регионален систем за управување со отпад во општина Новаци”

Коњановски: „Депонија во Битола не се гради, станува збор за регионален систем за управување со отпад во општина Новаци”
Vero

Во дебатата на Телевизија 24, кандидатот за градоначалник на Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски, реагираше на тврдењата на Габриела Илиевска околу изградбата на депонија во градот.

Коњановски посочи дека тоа е класично лицемерие и замајување на јавноста. Тој истакна дека службениот гласник на кој се повикува Илиевска е одлука изгласана од неа во 2018 година, на 10-тата седница на Советот, за давање согласност за основање на регионална депонија и потребна инфраструктура за Пелагонискиот регион. „Целата постапка е започната уште во 2014 година, со физибилити студија и заем од Европската банка за обнова и развој од 55 милиони евра. Не зборуваме за депонија, туку за систем за управување со отпад, кој не е лоциран во Битола, туку во општина Новаци“, појасни Коњановски.

Тој додаде дека актуелниот состав на Советот, вклучително и Габриела Илиевска, гласал за предлог-одлука за меѓуопштинска соработка за основање на заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад.

Коњановски нагласи дека граѓаните треба да знаат дека проектот е дел од долгорочен регионален систем за управување со отпад, а не локална депонија во Битола.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран