Доналд Трамп порача дека Хамас ќе се разоружа „бидејќи рекоа дека ќе се разоружаат“, и додаде дека ако тоа не се случи, САД ќе ги разоружаат.
На прашање како ќе го направат тоа, тој одговори: „Не морам да ви објаснувам. Но, ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме.“
„Тие знаат дека не си играм“, рече Трамп, додавајќи дека тоа „ќе се случи брзо и може да биде насилно“, но увери дека „тие ќе се разоружаат“.