УТРО.мк

Германија и САД испраќаат нов пакет оружје за Украина вреден 500 милиони долари

Германија и САД испраќаат нов пакет оружје за Украина вреден 500 милиони долари
Vero

Германија ќе го финансира пакетот американско оружје за Украина во вредност од 500 милиони долари, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус на состанокот на таканаречената Рамштајн група, сојузници на Киев, во Брисел.

Пакетот ќе вклучува системи за противвоздушна одбрана, ракети „Патриот“, радарски системи, прецизно насочени артилериски ракети и муниција.

Писториус додаде дека вкупната дополнителна германска воена помош за Украина надминува две милијарди евра, а најави и испорака на уште два системи за противвоздушна одбрана IRIS-T, кои вклучуваат голем број ракети и проектили за одбрана кои се лансираат од рамо.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран