УТРО.мк

Проданоски: Прилепска Пиварница е симбол на градот и пример за успех што трае со генерации

Проданоски: Прилепска Пиварница е симбол на градот и пример за успех што трае со генерации
Vero

Кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, по повод јубилејот од 100 години постоење на Прилепска Пиварница, упати честитка до раководството и вработените, истакнувајќи дека оваа компанија претставува вистински пример за истрајност, труд и визија.

„Сто години истрајност, труд и визија, компанија што со своето производство, вредности и општествена одговорност ја заслужува секоја чест. Прилепска Пиварница не е само еден од најпрепознатливите македонски брендови, таа е симбол на нашиот град и доказ дека со посветеност се гради успех што трае генерации,“ изјави Проданоски.

Тој нагласи дека како идна локална самоуправа ќе продолжи да соработува со успешните компании во градот, меѓу кои посебно место има Прилепска Пиварница, со цел натамошен економски развој, создавање нови можности и зачувување на традицијата што го прави Прилеп препознатлив.

„Ќе работиме рака под рака со стопанството, затоа што силен Прилеп значи стабилни компании и среќни граѓани. Нашиот град има потенцијал да расте и да се развива токму преку соработка со вакви успешни приказни,“ порача Проданоски.

Со тоа, кандидатот за градоначалник нагласи дека визијата за Прилеп се темели на спојот на традицијата, трудот и современите вредности што носат одржлив развој и подобар живот за сите граѓани.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран