УТРО.мк

Раст на фрекфенцијата на граничниот премин Џепиште – Требиште: За девет месеци минале речиси 37.000 патници

Раст на фрекфенцијата на граничниот премин Џепиште – Требиште: За девет месеци минале речиси 37.000 патници
Vero

Граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо забележа значително зголемување на протокот на патници во првите девет месеци од годинава. Според податоците на Секторот за внатрешни работи-Охрид, преку преминот минале 36.938 лица, што претставува раст од 9 отсто во споредба со истиот период минатата година, кога регистрирани биле 33.890 патници.

Портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски, истакна дека ова е највисока фрекфенција на преминот до сега. Од вкупниот број патници, 2.457 биле македонски државјани, додека 34.481 се албански државјани и жители на областа Голо Брдо, кои имаат право да го користат преминот.

Најголем проток е забележан во август, со вкупно 6.441 патник, од кои 448 биле македонски државјани, а 5.993 албански. Ова се должи на враќањето на иселениците во своите родни места.

Преминот, отворен во мај 2013 година, работи сезонски од април до октомври од 8 до 20 часот, додека во останатиот период од 1 ноември до 31 март работното време е од 8 до 18 часот.

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана неодамна повторно ја актуелизираше иницијативата преминот да работи 24 часа, согласно одлуката донесена на заедничката седница на македонската и албанската влада во Поградец во декември 2017 година, со цел да се зголеми бројот на туристи и посетители на областа богата со природни убавини и културно-историски споменици.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран