УТРО.мк

Комуналец – Прилеп: Поставено заштитно оградување околу паркот кај Основниот суд

Комуналец – Прилеп: Поставено заштитно оградување околу паркот кај Основниот суд
Vero

Со цел заштита на зелените површини од паркирање на моторни возила, ЈКП „Комуналец“ – Прилеп постави заштитно оградување околу паркот кај Основниот суд во градот.

Како што информираат од претпријатието, поставувањето на пречници за паркирање предизвикало негодување кај дел од граѓаните, но мерката е преземена со цел зачувување на јавниот простор и зеленилото.

Од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп посочуваат дека, и покрај секојдневната штета која ја трпат од несовесно однесување на одредени граѓани, остануваат на ставот дека ќе работат во интерес на сите жители на Прилеп и за заштита на јавната инфраструктура.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран