
На 21.05.2026 година во 12:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.Б. (36) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава за семејно насилство.
Според информациите, околу 11:00 часот во семејниот дом во Тетово, тој физички ја нападнал својата 62-годишна мајка и оштетил дел од покуќнината.
При преземање на мерките, извршено е алкотестирање, при што кај К.Б. биле измерени 1,49 промили алкохол во крвта.
Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.















