УТРО.мк

Тетовската полиција расчисти кражба – Ова се деталите

Тетовската полиција расчисти кражба – Ова се деталите
Vero

Полициски службеници од СВР Тетово синоќа во 22:30 часот на улица „107“ во Тетово го лишиле од слобода 26-годишниот Б.Ш. од Тетово, поради сомнение дека сторил кривично дело „кражба“.

Според информациите од полицијата, тој се сомничи дека претходно одзел електричен тротинет сопственост на 41-годишниот Б.Б. од Тетово.

Одземениот тротинет бил пронајден и вратен на сопственикот, а осомничениот е задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран