УТРО.мк

Голем скандал во Франција: Истраги за сексуално насилство во десетици училишта и градинки во Париз

Голем скандал во Франција: Истраги за сексуално насилство во десетици училишта и градинки во Париз
Vero

Француските власти ја проширија истрагата за сексуално насилство и злоупотреба во образовни установи во Париз, откако на 16 вработени им беше продолжен притворот додека трае истрагата.

Осомничените, на возраст од 18 до 68 години, работеле во државното основно училиште „Сен Доминик“ во 7-от арондисман во Париз. Истражителите ги испитуваат поради сомнежи за силување, сексуално злоставување и друго непримерно однесување кон деца.

Париското државно обвинителство соопшти дека истрагата сега се проширува и на можни случаи на насилство во дури 84 градинки и околу 20 училишта.

Според официјалните податоци, од почетокот на годинава биле суспендирани 78 вработени во градски образовни установи, од кои 31 поради сомнежи за сексуално насилство.

Аферата дополнително ја потресе француската јавност по објавата на весникот „Паризиен“, кој откри дека наставник против кого во 2025 година било поднесено обвинение за сексуално злоставување на тројца малолетници, претходно бил приведуван и поради слични пријави од други училишта.

Случајот предизвика силни реакции во Франција и отвори сериозни прашања за контролата и безбедноста во образовниот систем.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран